Анкета: Русите не знаат зошто рубљата паѓа

Жителите на Русија сметаат дека падот на рубљата негативно ќе се одрази врз економијата.

Околу 41% од Русите не знаат поради што паѓа курсот на рубљата наспрема еврото и доларот, а уште 39% од анкетираните како причина ја наведуваат украинската криза, а 23% го обвинуваат за тоа Западот, сведочат податоците од анкетата извршена од Фондот за општествено мислење.

Притоа, повеќето Руси сметаат дека слабеењето на рубљата негативно ќе се рефлектира на развојот на руската економија.

ФОМ соопшти дека 87% од Русите ги чуваат своите заштеди во рубљи, 8% во долари, а 3% во евра. Околу 41% од анкетираните сметаат дека колебањето на курсот на рубљата има сериозно влијание врз нивниот живот, а 20% сметаат дека тоа е незначително, додека 12% воопшто не забележуваат влијание на колебањето на курсот врз нивниот живот.

Според податоците на фондот, 40% од Русите го следат курсот на валутите, а 58% не се интересираат со тоа. 

Повеќе околу темата: 

Девалвацијата на рубљата и санкциите доведоа до пораст 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија