Путин ги осуди обидите да се воведе „монопол врз вистината“

Зборовите на претседателот се посветени на почетокот на емитувањето на „Русија денес“ во Аргентина.

Во услови на силни медиумски војни и обиди на некои учесници во меѓународните односи да воведат „монопол врз вистината“, алтернативните извори на информации добиваат нова вредност и важност, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на обраќањето пред аргентинските гледачи на телеканалот RT.

„Правото за добивање информации е едно од најважните за човекот. Со забрзаниот развој на електронските медиуми таа сфера добива ново значење, моќно оружје кое дозволува да се манипулира, доколку се сака, со јавното мислење“, изјави претседателот.

Претседателот на Русија и Аргентина, Владимир Путин и Кристина Киршнер со помош на телемост означија почеток на емитување на телевизискиот канал RT на шпански јазик во Аргентина. Вклучувањето на RT во аргентинската државна телевизиска мрежа е прв случај странски телевизиски канал да добие ваква можност, пренесува RT. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња