„Нефтогас“ планира од ноември да добие од „Гаспром“околу 200 милиони кубни метри гас месечно за технолошко обезбедување на транзитот во Европа, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштение од украинската компанија.
Компанијата известува дека Украина од 1 јануари 2015 година ќе воведе нов начин на тарифирање на транзитот на гасот преку украинската територија, согласно донесениот указ на владата. Со документот се предвидува привремено воведување на нови тарифи од 1 ноември до 31 декември 2014 година. Укажаните тарифи ќе бидат пресметувани во долари.
„Притоа, барателите на услуги ќе извршуваат исплата според тарифите за влез и излез на гасот и ќе ги компензираат количините природен гас за производствено-технолошки расходи на претпријатието кое ја извршува дејноста“, се забележува во соопштението на „Нефтогас“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче