МНР на Русија: со своите зборови за Русија претседателот на Бугарија гази врз нашето вековно пријателство

Претседателот на Бугарија ја нарече Русија „агресивна и националистичка држава“.

Негативните изјави на претседателот на Бугарија за Русија предизвикуваат сериозна загриженост и претставуваат газење врз традиционалното пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави Александар Лукашевич, официјален претставник на МНР на РФ, а пренесува РИА „Новости“.

Претходно претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“ изјави дека Русија е “националистичка и агресивна држава“.

„...шефот на државата користи недопустлива реторика, само за да угоди на дневнополитичките интереси на со прозападен тренд, кои ги игнорираат и газа вековните традиции пријателство и соработка меѓу братските народи на Русија и Бугарија“, изјави Лукашевич.

„Очигледно е дека во прашање е искривен и селективен пристап кон надворешната политиката на Русија кон Украина. Изјавите на претседателот на Бугарија немаат ништо заедничко со задачите поврзани со билатералната соработка, како ни со расположението кое во Бугарија преовладува во смисла на поддршка на развојот на таквата соработка со Русија“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија