Турција може да започне со извоз на млечни производи во Русија уште од 15 октомври, соопштува агенцијата Anadolu, повикувајќи се на шефот на асоцијацијата за производство на млеко и млечни производи, Харун Чали.
„Воведувањето ембарго од Русија отвора нови можности за Турција. Последните препреки за продажба на турски млечни производи во Русија беа симнати откако завршија преговорите меѓу турските и руските министерства за земјоделие, и сега очекуваме да започне извозот на нашите производи во Русија од 15 октомври“, изјави Чали, а пренесува РИА „Новости“.
Турција го зазема 16-то место во светот според производството на млечни производи. Годишно ова производство бележи раст од 10%.
„Нам ни требаат нови пазари за да ги продаваме производите. Дури 5% удел во сферата на млечните производи во Русија за нас ќе биде големо достигнување“, изјави Чали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.