Државната дума изјави дека има докази за испорака на оружје од Западот во Украина

Според податоците на Државната дума на РФ, западните држави испраќаат оружје и советници во Украина.

Москва располага со цврсти докази за испорака на оружје од Западот во Украина, изјави Леонид Слуцки, шеф на комитетот во Државната дума за ЗНД, евроазиска интеграција и врски со сонародниците, пренесува РИА „Новости“.

„Имаме цврсти податоци за тоа дека неколку западни држави веќе испорачуваат на украинските власти оружје и испраќаат воени советници во Украина“, изјави Слуцки, забележувајќи дека Русија ги смета таквите дејства за крајно опасни и недопустливи, бидејќи тие можат да го поткопаат мировниот процес и да испровоцираат нови судири и насилство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња