Исламската држава планира војна со Иран, сакајќи да го присвои нуклеарното оружје на Техеран. Ова го пренесува британското издание Times, повикувајќи се на манифест, чиј автор најверојатно е еден од високопоставените членови на организацијата.
Во манифестот на „Исламската држава“, според податоците на Times, се утврдува дека организацијата планира да добие нуклеарно оружје од Иран со помош на Москва.
ИД ќе му предложи на Кремљ пристап до наоѓалиштата на гас во ирачката провинција Анбас во замена за „тајните на нуклеарната програма на Иран“. Освен тоа, во манифестот се кажува дека Москва треба да престане да го поддржува претседателот на Сирија, Башар Асад и да тргне против Иран заедно со државите од Персискиот залив.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче