Медиуми: САД најдоа руски воени трагови во Сирија

Според зборовите на Пентагон, успесите на владините сириски војски се поврзани со работата на руските разузнавачи во Сирија.

Пентагон ги потврди соопштенијата на сириската опозиција за заземањето на тајниот центар за радиоелектронско разузнавање, кој, наводно, бил управуван од руски воени лица, пренесува порталот vz.ru.

Во Пентагон изјавија дека станува збор за заеднички центар со цел за радиоелектронско разузнавање, кој бил контролиран од сириската војска, но основната работа, според Американците, ја извршувале руски воени лица, соопштува „Комерсант“.

Експертите на Пентагон потврдија дека насобраните докази на теренот се автентични и дека сведочат за „директното учеството на Москва во сирискиот конфликт“.

„Последнава година владините војски ја изменија тактиката на водење на борбените дејства, а точноста и ефективноста на нападите се зголеми“, смета извор близок до министерството за одбрана на САД. Во Вашингтон не е исклучено дека успесите на владините војски се поврзани со работата на руските воени разузнавачи.

Фирас ал-Хаврани, претставник на Сириската слободна армија изјави дека во центарот работеле не помалку од 15 воени лица од Русија. „Тие го напуштиле објектот пред две недели со авион на сириската воена авијација“, додаде тој.

Во Москва не ги признаваат обвинувањата на САД и Сириската слободна армија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња