Медиуми: Русија се подготвува за крах на доларот и еврото

Според податоците на медиумите, Русија активно купува злато на светскиот пазар.

Русија нагло го зголеми обемот на купени количества злато на светскиот пазар, и во последниве пет месеци значително ги пополни златните резерви. Ова го пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на деловното издание на NIKKEI.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, кон крајот на август обемот на златни резерви на Русија изнесувал 1112,3 тони, што е за 77 они повеќе од јануари. Според обемот на златните резерви, Русија веќе ја надмина Кина (1054 тони) и Швајцарија (1040 тони). Притоа, уделот на благородниот метал во девизно-златните резерви на земјата порасна од 8,3 до 9,8%.

Во моментов обемот на златните резерви на Русија се помали само од САД, кои имаат 8100 тони, Германија, 3300 тони, Италија 2450 тони и Франција 2435 тони.

Според податоците на германското издание Die Welt, Русија купува злато веќе неколку години, почнувајќи од кризата во 2008 година.

70% од девизните резерви на Русија се составени од долари и евра, пренесува изданието. Според мислењето на експертите, зголемувајќи го уделот на златото во резервите, Банката на Русија го намалува уделот на доларите и еврото. Слична политика спроведува веќе со години и Кина, која има најголеми доларски резерви во светот.

Како што сметаат експертите на изданието, основната причина за замената на доларот и еврото во Русија е недовербата кон американската валута и неувереноста во иднината на економската и политичката ситуација во САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња