Русија нема да бара укинување на воведените санкции против неа. Ова го изјави помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Ние никого не молиме за да ги укинат санкциите, а не бараме ни воведување нови“, изјави тој за време на брифингот во четвртокот.
Ушаков изјави дека е можна средба меѓу рускиот претседател, претседателот на Украина, Петро Порошенко, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, која треба да се одржи следната недела во рамките на самитот на АСЕМ во Милано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче