Еден од лидерите на „Исламската држава“, Омар ал-Шишани соопшти по телефон на својот татко дека една од целите на борците на ИД е Русија, пренесува Bloomberg.
„Тато, не се плаши, ќе си дојдам дома и ќе им покажам на Русите. Со мене ќе дојдат илјадници, па и повеќе“, ги пренесе таткото Темур Батирашвили зборовите на неговиот син.
Претходно беше соопштено дека вистинското име на ал-Шишани е Тархан Батирашвили. „Нашата цел е јасна и сите знаат зошто се бориме. Нашиот пат е кон халифатот“, изјави ал-Шишани на видеото кое е пратено до „Исламската држава“.
Според податоците на експертите, во редовите на „Исламската држава има околу илјада џихадисти кои зборуваат руски. Повеќето од нив се Чеченци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче