Цената на „Јужен тек“ скокна речиси двојно

„Јужен тек“ со зголемена цена за изградба.

Вредноста на гасоводот „Јужен тек“ ќе изнесува 23,5 милијарди евра, изјави Александар Иваников, соработник во „Гаспром“, а пренесува „Интерфакс“. Притоа, цената на морскиот дел од гасоводот ќе изнесува 14 милијарди евра, а европскиот дел – 9,5 милијарди евра.

Претходно вредноста на морскиот дел беше оценета на 10 милијарди евра, а европскиот дел – 6 милијарди евра. Според ова, цената на гасоводот скокна за 47% во споредба со почетната цена.

За изградба на гасоводот „Јужен тек“, „Гаспром“ сака да земе гаранции од ЕКСАР, додаде Иваников. Гасоводот „Јужен тек“ ќе биде изграден преку Црното море од рускиот град Анапа до бугарскиот град Варна, а потоа преку Бугарија до Австрија. 

Повеќе околу темата: 

Неочекувана поддршка за Јужен тек 

Јужен тек без компромиси

Се откажуваат ли Србија и Бугарија од Јужен тек?

Австрија го поддржа Јужен тек

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња