Западни медиуми: Moody’s предвиде кредитна криза за руските компании

Западните агенции предвидуваат недостаток на парични средства за руските компании.

Меѓународната агенција за рејтинг Moody’s им предвидува на руските компании кредитна криза, пишува The Financial Times. Како што сметаат експертите од агенцијата, тоа може да се избегне само доколку се укинат западните санкции против Русија и во случај повторно да се дозволи пристапот на руските компании до пазарите на капитал.

Според мислењето на аналитичарите во Moody’s, кредитната криза може да дојде во Русија во 2016 година, и најмногу би настрадале секторите како металургијата, шумарството, недвижноста и градежништвото.

„Повеќето (руски) компании имаат доволна резерва ликвидност, која засега ќ им дозволи да ги регулираат своите долгови до 2015 година“, изјави Дејвид Стејп од Moody’s. Според неговите зборови, проблеми можат да се јават во 2016 и 2017 година, доколку компаниите не добијат пристап на меѓународните пазари на капитал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња