Западни медиуми: Мекејн го коментираше „заземањето на руската шпионска станица“ во Сирија

Американскиот сенатор повторно со изјава за последните вести околу Сирија.

Американскиот сенатор Џон Мекејн го коментираше заземањето на „руската шпионска станица“ во Сирија, пишува The Daily Beast. Претходно беше соопштено дека сириските бунтовници го зазедоа центарот за радио-техничко разузнавање („Центар-С“), кој се наоѓа на планината Тал ал-Хара, недалеку од сириско-израелската демаркациона линија.

Изданието забележува дека „кога Армијата за слобода на Сирија ги избркала војниците на претседателот Асад од градовите јужно од Дамаск, најмалку очекувале дека ќе најдат руска шпионска станица на неколку километри од Голанската висорамнина“.

„Ако тоа што го најдоа е вистина, немам причини да се сомневам дека тоа укажува на значајното учество на Русија во тој конфликт“, изјави американскиот сенатор Џон Мекејн.

Како што уточнија претставниците на министерството за одбрана на САД, „доказите“ кои ги поседуваат не укажуваат дека заземениот центар бил контролиран од руските војници: тоа може „едноставно“ да означува дека таму Русите работеле како советници или партнери на сириската војска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња