Позитивното трговско салдо на Русија во периодот од јануари до август годинава порасна за 9,5% во споредба со истиот период во 2013 година и изнесува 150,3 милијарди долари, соопшти Федералната царинска служба.
„Трговското салдо е во плус и изнесува 150,3 милијарди долари. Притоа, плусот најмногу е забележан во трговијата со другите континенти (127,8 милијарди долари), додека трговијата со земјите на ЗНД дала плус од 22,5 милијарди долари“, се забележува во соопштението на ФЦС.
Вкупниот обем на трговија е намален на годишно ниво за 1,7% - до 535,4 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче