Милер: Украина нема да има време да ја собере потребната количина гас потребна за зимскиот период

На Украина ѝ требаат најмалку 18 милијарди кубни метри гас за да „се стопли“.

Украина нема да постигне да собере во своите подземни складишта 18-20 милијарди кубни метри гас, колку што е потребно за да презими земјата и да се обезбеди транзитот, изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, а пренесува РИА „Новости“.

„Што се однесува до количината гас во подземните складишта во Украина, ако зборуваме за времето кое остана до почетокот на периодот за користење на тој гас, тогаш Украина веќе не успева да ги собере потребните количини во своите складишта, а тоа се најмалку 18 милијарди кубни метри гас“, изјави Милер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња