Медиуми: Најголемите складишта за гас во Западна Европа можат да станат сопственост на „Гаспром“

Санкциите не го опфаќаат договорот меѓу BASF и „Гаспром“.

Во рамките на договорот меѓу „Гаспром“ и концернот BASF, руската компанија ќе стане сопственик на три европски подземни складишта на гас, а германската страна ќе земе учество во индустријализацијата на големото наоѓалиште на гас во Сибир, јавува порталот vz.ru, повикувајќи се на германскиот весник “Focus”.

Договорот со „Гаспром“ предвидува отстапување на складиштата на гас на руската компанија и не е опфатен со санкциите кои Европската унија ги воведе против Русија поради кризата во Украина. „Станува збор само за реализација на договорот“, изјави Штефан Лојниг, портпарол на компанијата “Wintershall”.

Отстапувањето на гасните складишта на руската компанија е дел од големиот договор за размена на активите меѓу германскиот концерн BASF и „Гаспром“. Договорот е склучен во декември 2013 година, кога го одобри и Европската комисија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња