Лавров: Москва е вознемирена поради соопштенијата кои доаѓаат од Украина

Лавров изјави дека е неопходен почеток на дијалог со учество на сите политички сили во Украина.

Москва е обеспокоена од пораките, според кои украинските политичари пред идните избори во Врховната рада не прават апсолутно ништо за почеток на уставната реформа во државата, како и започнување на национален дијалог, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости“.

Лавров изјави дека е потребно да се започне инклузивен дијалог во Украина со учество на сите политички сили и претставници од регионите.

Тој напомна дека украинските власти зеле врз себе обврска „уште во април, кога во Женева потпишаа договор Русија, Украина, ЕУ и САД“.

„Таа обврска мора да се исполни. Ние сме вознемирени од тоа дека украинските политичари не прават ништо за да го возобноват националниот дијалог, не започнуваат со уставни реформи“, изјави Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња