Европската комисија планира да ѝ соопшти на Србија дека изградбата на „Јужен тек“ ќе влијае на перспективите на нејзиното зачленување во ЕУ, пренесува Euobserver, повикувајќи се на европски извори.
Во годишниот извештај на ЕК за проширување на Европа, кој се објавува на 8 октомври, се кажува дека „меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот ‘Јужен те’, потпишан меѓу Србија и Русија не е компатибилен со нормативната база на ЕУ“, пишува изданието.
„Србија не треба да продолжува со изградба на ‘Јужен тек’ се додека овој договор не биде адаптиран соодветно нормативната база на ЕУ“, се кажува во извештајот на ЕК.
Европската комисија ги предупредува државите кои учествуваат во проектот „Јужен тек“ дека им се закануваат казни во случај да продолжи изградбата.
Повеќе околу темата:
Неочекувана поддршка за „Јужен тек“
Се откажуваат ли Србија и Бугарија од „Јужен тек“?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче