Во Русија активно се тестира нуклеарно гориво од новата генерација

Русија е светски лидер во изградбата на нови реактори кои приизведуваат помал нуклеарен отпад.

Руските нуклеарни експерти активно го тестираат нуклеарното гориво од нова генерација, предвиден за користење во нуклеарниот проект на Русија, „Прорив“, чија цел е да се создадат нови технологии за атомската енергија на иднината, соопшти Евгениј Адамов, научен раководител во „НИКИЕТ“.

Проектот „Прорив“ вклучува создавање на прототип на енергетски комплекс во состав на реактор со брзи неутрони БРЕСТ-ОД-300, со модул за производство на нитридно гориво за тој реактор. Овој вид реактори планирано е да бидат пуштени во производство во 2020 година.

Реакторите со брзи неутрони ќе дозволат значително да се прошири базата на горива која се користи во нуклеарната енергетика, а со тоа ќе се минимизираат радиоактивните отпадоци. Технологија за вакви реактори имаат многу малку држави, а Русија е светски лидер во овој правец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња