Русија и понатаму интензивно ја развива воената инфраструктура на Арктикот, јавуваат руските медиуми. Деновиве на Островот Врангел и Шмитовиот рт (близу Алјаска) поставени се на борбено дежурство радарски одделенија, како и пунктови за наведување на авијацијата.
Се претпоставува дека воените авиони ќе патролираат вдолж границата на Русија и над неутралната територија на Акрикот. Според соопштенијата на Министерството за одбрана на Русија, на Арктикот се создаваат морнарички и копнени единици. Сите тие до крајот на годината ќе се приклучат на воената команда „Север“, која сега се формира во составот на Вооружените сили на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче