Бугарија реши да се откаже од руските воени авиони

Бугарија ѝ врти грб на Русија поради НАТО.

Бугарија се откажува од купувањето на руски воени авиони. Ова решение се објаснува со тоа што земјата треба да биде „независна“ од Русија во воената сфера, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Владара реши до 2020 година во земјата да се користат само 15-те авиони МиГ-29, 6-те МиГ-21, 14-те бомбардери Су-25 и хеликоптерите од руско производство. Во Воено-воздушните сили на земјата веќе се подготвува бунт, бидејќи 300 пилоти и инженери ќе останат без рабора“, го пренесува ИТАР-ТАСС решението на министрите ои ја одобрија програмата „Бугарија во НАТО – 2020“.

Шефот на Министерството за одбрана на Бугарија, Велизар Шаламанов го оправдува решението со желбата Бугарија да стане независна од Русија во воената сфера.

После откажувањето од руската авијација, Бугарија ќе треба да купи осум нови авиони за околу 300 милиони евра. Според мислењето на експертите, за тие средства може да се купат само стари F-16, чија вредност е минимум 100 милиони евра. 

Повеќе околу темата: 
МиГ - приказ на една легенда (графикон) 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња