Решението за исклучување на Русија или руските банки од системот SWIFT треба да се донесе од компетентните државни органи, а самата организација не планира исклучување на руските кредитни организации од својата мрежа, се соопштува во изјава на SWIFT.
„SWIFT нема да реагира на секој одделен повик насочен кон исклучување на финансиските установи од својата мрежа“, се кажува во изјавата.
Организацијата жали за притисокот кои го вршат врз неа, како и шпекулациите кои негативно може да влијаат на карактерот услуги од SWIFT.
SWIFT подвлекува дека било кое решение за воведување санкции кон држави или одделни компании треба да се донесе од соодветните органи и институти.
Заканите за исклучување на руските банки од системот за банкарски трансакции SWIFT веќе неколку недели си го наоѓаат местото во медиумите. Во септември Европскиот парламент им предложи на европските држави да ја разгледаат можноста да ја исклучат Русија од тој систем.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче