Западни медиуми: Меркел нема „план Б“ за Русија

Германскиот канцелар Ангела Меркел нема очигледен план Б во однос на Русија, пишува The Wall Street Journal. Берлин се надева дека сегашниот режим на прекин на огнот ќе се задржи и дека Киев и Москва ќе склучат мировен договор, бидејќи Берлин нема долгорочна стратегија на работа со Кремљ.

Весникот напомнува дека пред некое време како резултат на „европската криза“, Германија стана економски лидер во Европа, и сега таа се најде во центарот на „решавање и дебатирање“ околу безбедноста на континентот поради ситуацијата во Украина. Таа улога за Берлин не е најудобна, и иднината на Европа се наоѓа во „трепетливите раце“ на Меркел.

Се подвлекува дека обично во случаи на криза погледите на Европејците се насочувале кон Лондон и Париз, но Дејвид Камерон и Франсоа Оланд – се слаби лидери. „И како и секогаш, папката со руското досие се најде на масата на госпоѓа Меркел“, пишува весникот. Што се однесува до САД, препораките кои ги добиваше досега Европа, веќе не доаѓаат повеќе од 10 години.

На крај весникот го споменува мислењето на поранешниот соработник на Стејт департментот на САД и поранешен амбасадор на САД во Германија, Џон Конрблум, кој смета дека „патот на Европа од ХХ век уште не е завршен“. Како што забележува експертот, клучна улога во завршувањето на овој процес треба да игра Берлин, но „тие не знаат што да прават“ и „никој не им помага“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња