После прикажувањето на „Сончаница“ во Србија, руската премиера на овој филм ќе се одржи на Крим. Во Симферопољ ќе биде прикажан во сабота навечер, а во недела – во Севастопољ, изјави за новинарите рускиот режисер Никита Михалков.
Во петок светската премиера на филмот на Михалков се одржа во Белград. Филмот е екранизација на расказот на Иван Бунин „Сончаница“. Историскиот филм Михалков го посветува на случувањата од почетокот на минатиот век, кога како резултат на граѓанска војна во Русија во 20-те години десетици илјади Руси барале прибежиште во државите во западна Европа и Балканот.
Прикажувањето на филмот ќе започне во 4 градови на полуостровот од 9 октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.