Иран не е подготвен да ја замени Русија во улогата на испорачувач на гас во случај на укинување на санкциите. Ова во интервју за телевизискиот канал „Русија 1“ го изјави претседателот на Иран, Хасан Рухани.
„Како што ви е познато, Иран поседува најголеми резерви на гас. Но ние заостануваме во сферата на производство и размислување примарно за задоволување на потребите на нашата земја“, истакна претседателот на Иран и додаде: „Сите наши источни, западни и јужни соседи сакаат да купат од нас гас кој ние уште го немаме произведено“.
Затоа, според неговите зборови, „денес условите се поинакви од оние кога сите мислеа дека Иран ќе испорачува гас доколку Русија прекине со испораките“, „Нашето производство е далеку од тоа ниво“, изјави претседателот.
Тој исто така истакна дека Иран е подготвен за активна соработка со Русија во гасната сфера.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче