Бугарија ќе ја поддржи работата околу „Јужен тек“ доколку се почитуваат нормите на ЕК

Претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев изјави дека неговата држава го поддржува проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“, но само доколку се почитуваат установените норми од Европската комисија, пренесува весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Претходно во август министерот за економија и енергетика на Бугарија, Васил Штонов му нареди на Бугарскиот енергетски холдинг да ги прекине сите работи околу изградбата на гасоводот, бидејќи проектот не одговара на барањата на Европската комисија.

„Го сакаме ‘Јужен тек’, но како членка на Европската унија, Бугарија нема да дозволи гасоводот да се гради против европското право“, изјави Плевнелиев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња