Србија очекува почеток на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ кон крајот на годината, изјави во петокот амбасадорот на Србија во Русија, Славенко Терзиќ.
Како што е соопштено претходно, должината на гасоводот на територијата на Србија ќе изнесува 422 километра, а должината на краците кон Хрватска и Република Српска ќе изнесува 158 километри.
„Очекуваме изградбата на ‘Јужен тек’ за да почне до крајот на годинава“, изјави амбасадорот на конференцијата за печатот.
Според него, гасоводот е приоритетно прашање за српската страна. Исто така, тој изрази надеж дека после изборите во Бугарија, Софија ќе донесе решение за продолжување на изградбата на гасоводот.
Европската комисија во моментов се обидува да го блокира проектот, аргументирајќи го своето решение со новите норми од третиот енергетски пакет, со кој се забранува компаниите кои произведуваат гас да имаат во сопственост гасоводи во Европа.
Повеќе околу темата:
Неочекувана поддршка за Јужен тек
Се откажуваат ли Србија и Бугарија од Јужен тек?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче