Србија го зголеми извозот на овошје, зеленчук и млечна продукција во Русија

Србија го зголеми извозот на овошје, зеленчук и млечни производи во Русија, изјави амбасадорот на Србија во Русија, Словенко Терзиќ.

Србија го зголеми извозот на овошје, зеленчук и млечни производи во Русија, изјави амбасадорот на Србија во Русија, Словенко Терзиќ.

„Податоците за количеството извезени производи кажуваат дека извозот е зголемен – овошје, зеленчук и млечни производи“, изјави тој на конференцијата за печатот во петокот. Конкретни цифри амбасадорот не наведе.

Амбасадорот на Србија во Русија соопшти дека во моментов се разгледува и прашањето за извоз на автомобили, шеќер, месо и алкохол во Русија.

Русија на 7 август го ограничи увозот на одредени производи од државите кои воведоа санкции производи – САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња