Руската влада одобри кредит во висина од 10 милијарди долари за Белорусија, кои треба да бидат искористени за изградба на нуклеарна централа. Соодветниот документ е објавен на официјалната интернет-страница на порталот за правни информации.
Паричните средства ќе бидат употребени за да се финансира договорот меѓу руската фирма и белорускиот нарачател. Договорот предвидува испорака на машини, технологија, извршување работи и изградба на два реактора на територијата на Белорусија.
Почетокот на производството на електрична енергија од првиот блок е планирано да започне во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче