„Мистрал“ со руски екипаж ја заврши втората етапа од тестирањата

Првиот хеликоптер за носачи за Русија, „Мистрал“ со вториот руски екипаж на него, во петокот го заврши тестирањето со излегување на отворено море, пренесува Франс Прес.

Првиот хеликоптер за носачи за Русија, „Мистрал“ со вториот руски екипаж на него, во петокот го заврши тестирањето со излегување на отворено море, пренесува Франс Прес.

Кон крајот на јуни група од 400 морнари заминаа во францускиот град Сан-Назер за обука за управување со „Мистралите“. На 13 септември бродот „Владивосток“ за прв пат излезе на отворено море со руски екипаж. Тогаш на неговата палуба се наоѓаа 200 Руси, и отприлика ист број Французи. После 10 деноноќија пловидба, бродот успешно ги заврши задачите и се врати во пристаништето. Во петокот истата вежба ја заврши и вториот екипаж.

Договорот за испорака на носачите на хеликоптери беше склучен меѓу француската компанија DCNS и „Рособоронекспорт“ во 2011 година. Сумата на договорот изнесува 1,2 милијарди евра.

Првиот брод треба да стане сопственост на руската флота во 2014 година, а вториот – во 2015. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња