Матвиенко: Советот на Федерацијата и понатаму ќе соработува со парламентите на западните земји

Советот на Федерацијата на Русија нема намера да ги прекинува меѓупарламентарните контакти и соработка со САД и Европа, а решението на руските сенатори да се откажат од учеството во руско-американскиот деловен совет во октомври е само моментална пауза, изјави за новинарите спикерот на горниот дом на рускиот парламент, Валентина Мавиенко.

Претгодно првиот заменик претседател на меѓународниот комитет во Советот на Федерацијата, Владимир Џабаров соопшти дека комитетот го откажал патувањето во САД во октомври заради учество во руско-американскиот деловен совет поради санкциите кои САД ги воведе против Русија и нејзините граѓани. Според неговите зборови, Советот на Федерацијата ќе ги анализира своите меѓународни контакти и ќе ја продолжи соработката со оние држави кои сакаат да соработуваат.

„Ова е моментална пауза. Ние воопшто немаме намера да ги прекинуваме нашите меѓународни контакти со парламентите во Европа и САД. Тоа е важна соработка, тоа е народна дипломатија, тоа е нашата мека сила. Тие контакти ќе ни дозволат подобро да се разбираме едни со други, да носиме подобри решенија. Ние нема да ги прекинеме истите“, изјави Матвиенко пред новинарите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња