Европската унија се заканува на Русија со нови санкции. Сега заради донецкиот аеродром

Во Европската унија се зборува за нови санкции против Русија.

Во Европската унија се зборува за нови санкции против Русија. Брисел може да ги воведе доколку припадниците на народната одбрана го заземат под контрола Донецкиот аеродром. Ова го соопшти агенцијата Блумберг, повикувајќи се на одреден извор запознат со политиката на германската влада. Официјална потврда за оваа информација засега нема.

Борбите за аеродромот во Донецк се водат уште од мај. Припадниците на народната одбрана и украинската армија разменуваат оган, обидувајќи се да го освојат ова стратешки важно место и објект. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња