За Русија и државите на ЕУ најдобро ќе биде ако нивните економии се движат по еден пат, изјави за РИА „Новости“ пратеникот Шерил Гилан во ПАСЕ.
„Нема сомнежи дека ние (ЕУ и Русија) ќе бидеме далеку посилни ако нашите економии следат ист развоен правец“, изјави Гилан.
Претседателот на Европската банка за реконструкција и развој, Сума Чакрабат изјави дека „тековната геополитичка тензија меѓу Западот и Русија има влијание врз многу држави каде функционира ЕБРР“.
Неколку акционери во ЕБРР уште во мај на годишното собрание ѝ препорачаа на банката да ја разгледа стратегијата и присуството во Русија, која во 2013 година беше еден од најголемите примачи на инвестиции од банката (1,8 милијарди евра од 8,5 милијарди).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.