Бројот на одработени часови од страна на беспилотните летала во Русија годинава порасна за 4 пати во споредба со минатата година, соопшти во петокот прес-службата при министерството за одбрана на Русија.
Од почетокот на годинава воените беспилотни летала поминаа во небото околу 13.500 часови, што е еднакво на 560 деноноќија. Зголемувањето на летните часови е поврзано со активната примена на овие летата во практично сите акции на оперативна и борбена поддршка.
„Летовите на беспилотните апарати годинава за 4 пати ги надминаа показателите од минатата година“, се кажува во соопштението од Министерството за одбрана на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче