Русија до крајот на годината ќе лансира нов модел на сателитот „ГЛОНАСС“

Навигацискиот вселенски апарат од новата генерација „ГЛОНАСС-К“ ќе биде лансиран во текот на оваа година од космодромот Плесецк, изјави заменикот на генералниот конструктор на „Информатички сателитски системи“, Јуриј Вигонски.

ИСС е најголем произведувач на вселенски апарати.

„Во ноември или декември 2014 ќе го лансираме новиот вселенски апарат „ГЛОНАСС-К“. Лансирањето е планирано на ракетата-носач „Сојуз 2.16“ од космодромот Плесецк, изјави Вигонски за новинарите во средата.

Освен тоа, од Бајконур во април-мај 2015 година ќе бидат лансирани три нови вселенски апарати „ГЛОНАСС-М“.

„Во случај на успешно лансирање, во април или мај 2015 година ќе бидат лансирани три сателити „ГЛОНАСС-М“ со помош на ракетата „Протон“, изјави Вигонски.

Во моментов во орбиталната група на ГЛОНАСС се наоѓа само еден „ГЛОНАСС-К“, кој поминува низ тестирања (лансиран е во февруари 2011 година). Тој вид сателит се карактеризира со повисока точност на навигациските податоци и неговиот рок на траење изнесува од 7 до 10 години.   

Повеќе околу темата: 
Русија го укинува GPS 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија