Заканувајќи ѝ се на Русија со санкции за она што се случува во соседна земја, Западот дејствува исто како и на Балканот пред 20 години, но „Русија – не е Балканот“, изјави Дмитриј Рогозин на својата страница на Facebook.
Коментирајќи ја изјавата на Европската унија, според која против Русија можат да бидат воведени дополнителни санкции доколку припадниците на народната одбрана го заземат аеродромот во Донецк или Мариупољ, вицепремиерот ја спореди политиката на Западот со таа која се користеше кон Белград во средината на 90-те години.
„Пред 20 години Западот на ист начин дејствуваше на Балканот, носејќи санкции против Белград за сѐ што се случуваше во соседна Босна и Херцеговина. Но Русија не е Балканот. Западот не треба да заборави на тоа“, напиша Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче