Украинскиот народ останува најблизок за Русија, и Москва треба да го има тоа пред вид кога ќе ги гради односите со Киев, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Украина не е туѓа држава за нас. Многупати за тоа сум зборувал и сакам уште еднаш да подвлечам – и покрај сета трагедија која сега ја гледаме, украинскиот народ секогаш за нас бил и ќе остане најблискиот – братски народ. Нас не поврзува заедничкото духовно, историско, религиозно потекло и историја“, изјави Путин.
„Се надевам дека врз основа на тие фундаментални основни ние ќе ги развиваме нашите односи“, подвлече претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче