ФМС: до 400.000 Украинци можат да побараат статус на бегалци во Русија годинава

Прибежиште во Русија до крајот на оваа година можат да побараат до 400.000 граѓани на Украина, изјави заменикот шеф на Федералната служба за миграција на Русија, Николај Смородин.

Прибежиште во Русија до крајот на оваа година можат да побараат до 400.000 граѓани на Украина, изјави заменикот шеф на Федералната служба за миграција на Русија, Николај Смородин.

Органите за ФМС досега примиле барања од 200.000 украински граѓани за давање статус „бегалец“, а 158.000 барања веќе се реализирани.

„Како што се гледа од овие цифри, Русија дава прибежиште на својата територија исклучително од хумани принципи, без политизирање на ситуацијата“, изјави чиновникот.

Засега во Русија остануваат околу 900.000 бегалци од Украина и нивниот број постепено се намалува. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња