Повеќето граѓани на Русија сметаат дека притисокот врз Русија од страна на Западот не треба да биде мотив за откажување од избраниот политички курс на раководството, покажа анкетата на Левада-Центарот.
Според податоците на социолозите, 71% од испитаниците гледаат во санкциите обид да се ослаби Русија, која ги засили своите позиции на меѓународната арена како резултат на приклучувањето на Крим. Слична позиција имаат 18% од анкетираните, кои ги сметаат економските мерки на западните земји за начин да се „врати геополитичката рамнотежа“. Само 4% од испитаниците се убедени дека санкциите имаат конструктивен карактер.
Значителен дел од Русите ги гледаат САД како главни заинтересирани за борбите во Украина и за економските санкции – 69% и 67%, додека секој четврт анкетиран гледа директна заинтересираност на сегашното украинско раководство да се продолжи конфликтот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.