Конструкторските работи околу создавањето на тенкот од новата генерација „Армата“ треба да завршат од крајот на 2015 година, соопшти за новинарите командантот на Пешадијата на РФ, генерал-полковник Олег Саљуков.
Претходно вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин повеќепати изјави дека тенкот „Армата“ ќе биде за прв пат прикажан на Парадата на Победата на 9 мај 2015 година.
„Во моментов продолжуваат тестирањата и конструкторските работи за создавање на перспективните примероци од новиот тенк, како и БМП „Армата“, БМП „Курганец-25“ и БТР „Бумеранг“, изјави Саљуков.
Сериското производство се планира во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.