Учеството на вотката во вкупната продажба на алкохолни пијалаци во Русија од јануари до август се намалила во споредба со истиот период минатата година (до 40,2% од 42%), сведочат материјалите на Росстат.
Притоа, консумирањето на вотка е намалена за 5,6% - до 81,1 милиони декалитри.
Од јануари до август е намалено консумирањето на коњак за 0,9% - до 7,5 милиони декалитри, вино – за 1,7%, нискоалкохолни пијалаци – 4,2%
Исклучок меѓу сите алкохолни пијалаци е пивото: во последните осум месеци во Русија консумирањето пиво е зголемено за 4%, до 679,1 милиони декалитри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче