Првата партија руско модернизирано нуклеарно гориво во почетокот на октомври ќе започне да се употребува во еден од реакторите во унгарската нуклеарна централа „Пакш“, пренесува државната корпорација „Росатом“.
Модифицираното гориво од втора генерација има подобри својства и експлоатациски карактеристики.
„Од октомври 2014 година ќе започне 15-месечно користење на новото гориво во еден од реакторите според договорот меѓу компаниите „ТВЕЛ“ и MVM Hungarian Electricity Ltd.“, се кажува во соопштението.
Горивото од втората генерација веќе има успешно искуство на користење во Русија, Чешка, Словачка и Финска.
Нуклеарната централа „Пакш“ е единствена нуклеарна централа во Унгарија, чиј прв реактор е активиран во 1982 година. Во моментов оваа нуклеарна централа произведува 50,71% од електричната енергија во Унгарија.
Повеќе околу темата:
Атомот ѝ ветува енергетска независност на Унгарија
10 милијарди евра кредит од Русија за Унгарија
Русија и Унгарија потпишаа договор за изградба на два реактора
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче