Компанијата „Космичка врска“ после 2025 година планира да создаде нов систем за сателитска врска на висока елиптична орбита, кој треба да се состои од три космички апарати, изјави генералниот директор на компанијата, Јуриј Прохоров.
„Новиот систем треба да обезбеди сателитска врска и емитување на целата територија на Русија, вклучувајќи го и арктичкиот регион. Орбитата на апаратите ќе дозволи да се реши задачата околу обезбедувањето на врска во тешко достапните региони во Русија“, изјави Прохоров на конференцијата SatComRus-2014.
Повеќе околу темата:
ГЛОНАСС ќе биде тестиран за подобност во услови на војна
Сите мобилни телефони во Русија ќе бидат опремени со ГЛОНАСС
На Куба ќе се појави земна станица ГЛОНАСС
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.