Советот на Федерацијата во средата го ратификуваше договорот за Евроазиската економска унија (ЕЕУ), потпишан од претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан во мај.
Договорот за Евроазиската економска унија е документ кој ги фиксира договорите меѓу Русија, Белорусија и Казахстан за преминување кон следната етапа од интеграцијата меѓу земјите после Царинската унија и Единственото економско пространство. Според ова, завршува создавањето на најголемиот заеднички пазар на територијата на ЗНД – пазар со 170 милиони лица, кој треба да стане центар на силен и забрзан економски развој.
Стапувањето на договорот на сила ќе обезбеди создавање на унијата од 1 јануари 2015 година, создавање на внатрешни трговско-економски и кооперативни врски, зголемување на конкурентноста на националните индустриски капацитети, како и улогата на државите во светскиот стопански систем.
Се очекува договорот да биде ратификуван од Казахстан и Белорусија до 9 октомври.
Повеќе околу темата:
Евроазија создава единствена економија
Наместо Царинска унија - Евроазиска економска унија
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче