Државната руска корпорација „Роастом“ планира активно да ја развива соработката со руските научни центри и универзитети заради реализирање на заеднички иновациски проекти кои имаат важно практично значење, како за руската атомска индустрија, така и за партнерите на Росатом, изјави генералниот директор на државната корпорација, Сергеј Кириенко.
Настапувајќи во средат ана конгресот „Иновативна пракса: науката плус бизнисот“, Кириенко забележа дека иновациите во атомската индустрија треба активно да се развиваат и преку соработката со научниците и колегите од руските научни институти и универзитети. „Доста важно за нас е да имаме отворен пристап до интелектуалниот потенцијал надвор од атомската индустрија“, изјави Кириенко.
„Нам ни е важно студентите од самите факултетски клупи да започнат да создаваат не апстрактни модели, туку да започнат да работат со реални проекти кои ќе ги има или може да се применат во атомската индустрија“, додаде шефот на Росатом.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче