Речиси половина од жителите на Молдавија сакаат ориентација на земјата кон евроазискиот геополитички вектор и се против членство на земјата во НАТО, сведочат резултатите од анкетата, претставена од кишиневскиот Институт за маркетинг и јавно мислење.
„Ако овој викенд во Молдавија се одржи референдум за зачленување на земјата во Царинската унија, тогаш ‘ЗА’ би гласале 48% од анкетираните“, изјави раководителот на IMAS, Дорин Петруци.
Пред една година ‘ЗА’ би заокружиле 46,2% од анкетираните.
Впрочем, податоците од последната анкета покажуваат дека во државата има поделеност меѓу приврзаниците на Царинската унија и Европската унија. Според зборовите на Петруци, за членство во ЕУ се изјасниле 47%, додека 44% од жителите на Молдавија се за зближување на државата со Русија.
Проти зачленување на Молдавија во НАТО се изјасниле 46% од анкетираните, додека 23% се за зачленување на земјата во Алијансата.
Повеќе околу темата:
Наместо Царинска унија - Евроазиска економска унија
Евроазија развива единствена економија
Виетнам ѝ се приклучува на Царинската унија
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче