Претседателот на Русија, Владимир Путин му го честиташе 65-годишниот јубилеј од создавањето на републиката на претседателот на Кина, Кси Џинпин, забележувајќи дека се надева на натамошно подобрување на односите меѓу двете држави, соопшти во средата прес-службата на Кремљ.
Рускиот лидер подвлече дека руско-кинеските односи се наоѓаат на највисоко ниво во историјата. Според него, меѓу државите е проширен политичкиот дијалог и започнале активни процеси на соработка во трговијата, финансиите, индустријата, енергетскиот сектор, општествената сфера и во други сфери.
„Високо ја оценува довербата и разбирањето кое се појави меѓу нас. Уверен сум дека со заеднички сили ќе обезбедиме натамошно зголемување на комплексот врски меѓу Русија и Кина. Тоа во целост одговара на интересите на нашите пријателски народи и се надевам дека ќе помогне за стабилност и безбедност во светот“, се кажува во поздравната телеграма.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче