До 2018 година московските доктори ќе добиваат 170.000 денари месечно, изјави Леонид Печатников, заменик градоначалник на Москва за прашањата околу социјалниот развој.
„Според указот на претседателот на Русија, до 2018 година, а најверојатно уште во 2017 –докторите треба да добиваат плата која е за 200% поголема од просечната плата во регионот. Таа плата ќе ја добиваат само најдобрите лекари“, појасни Печатнков, забележувајќи дека средната плата на докторите во Москва во моментов изнесува околу 73.000 денари месечно.
Според зборовите на Печатников, во Москва најдефицитарна е специјалноста доктор-терапевт. „Во Москва има многу дерматолози, гинеколози, уролози и проктолози. Тие доктори имаат можност да добијат доквалификација и да практикуваат друга специјалност“, додаде Печатников.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче