Министерството за одбрана на Ирак ја доби третата партија борбени хеликоптери Ми-35М

Министерството за одбрана на Ирак ја доби третата партија руски хеликоптери Ми-35М во рамките на договорот од 2012 година, соопшти за РИА „Новости“ претставник од Центарот за анализа на светската трговија со оружје.

Првите четири Ми-35М во рамките на договорот од октомври 2012 за испорака на 28 ударни хеликоптери Ми-35М и 15 Ми-28ХЕ Багдад ги доби во ноември 2013 година. Следните четири Ми-35М беа испорачани на 2 јуни истата година.

„Со задржување на ова темпо на испорака, договорот ќе биде исполнет до крајот на годинава“, изјави претставник на Центарот за анализа на светската трговија со оружје. 

Повеќе околу темата:

Убедлив раст на извозот на руските хеликоптери

Русија почна со испорака на оружје во Ирак

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња